Албанија и Косово ќе испратат војници во Газа, Трамп кажа дека собрал седум милијарди долари за нејзина обнова
Албанија и Косово се меѓу петте земји кои потврдија дека ќе вклучат свои војници во меѓународните безбедносни сили за Газа, беше кажано на првиот состанок на Одборот за мир, основан од Доналд Трамп.
„Неверојатно ми е драго денеска да објавам дека првите пет земји испратија војници за служба во Меѓународните сили за стабилизација – Индонезија, Мароко, Казахстан, Косово и Албанија. Две земји се обврзаа да ја обучуваат полицијата, Египет и Јордан“, рече командантот на ИСФ, генерал-мајорот Џаспер Џеферс.
Тој најави дека ИСФ ќе започне со распоредување во Рафа во јужна Газа и со обука на полицијата, а потоа ќе се проширува сектор по сектор.
„Долгорочниот план е да има 20.000 војници на ИСФ и да се обучат 12.000 полицајци“, додаде Џеферс.
Зборувајќи пред претставниците на повеќе од 40 држави, Трамп кажа дека девет држави ветиле дека ќе дадат вкупно седум милијарди долари за обнова на Газа, додека САД ќе придонесат со десет милијарди долари.
„Ова е голем ден, многу луѓе гледаат. Имаме голема група на лидери овде. Она што го правиме е многу едноставно: мир. Се нарекува Одбор за мир и сè се сведува на еден лесен збор за кажување, но тежок за создавање: мир“, рече Трамп.
Меѓу членовите на Одборот се и Аргентина, Бугарија, Унгарија, Израел, Турција, Катар, Саудиска Арабија, Пакистан… Одборот во почетокот беше замислен како мала група светски лидери, но владата на Трамп го прошири неговиот концепт и покани повеќе од 60 држави. Трамп навести дека овој Одбор дури би можел да ги замени Обединетите нации и да помогне во решавањето на конфликти низ светот.
Разоружувањето на Хамас, повлекувањето на израелските трупи, големината на фондот за обнова и протокот на хуманитарна помош за населението на Газа се меѓу главните прашања што ќе ја стават на тест ефикасноста на Одборот во наредните месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија и Косово ќе испратат војници во…
Албанија и Косово се меѓу петте земји…
Вучиќ: Косовската војска е посилна од македонската
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој деновиве изразува…
12.000 Македонски пензионери остануваат без покачена пензија
Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во…
Му ветиле работа во црква, ја фотографирале…
Непознат измамник успеал да измами 18-годишно момче…
СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија…
„Поради пустата желба за поголем и нов…