Објавено на:

Албанија му возврти на Вучиќ: Националистичката реторика го турка регионот назад

t

Албанија остро ги осуди изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Косово е дел од Србија, како и зборовите на министерката за државна администрација Снежана Пауновиќ во врска со етничкото чистење во Косово.

На заедничката прес-конференција во Тирана со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман, албанскиот министер за надворешни работи Ферит Хоџа ја нагласи важноста на дијалогот меѓу Косово и Србија.

„Овој процес не може да се гради врз историски ревизионизам, негирање на фактите, величење на воените злосторници или националистичка и раздорна реторика, како и врз неприфатливи изјави што ги тривијализираат, оправдуваат или повторуваат воените злосторства и политиките осудени и од меѓународната правда и од човечката совест“, рече Хоџа.

Врвниот дипломат на Албанија, исто така, одговори на критиките на Вучиќ за трилатералниот договор за воена соработка меѓу Албанија, Хрватска и Косово.

„Нашите билатерални, трилатерални или други форми на координација не треба никого да загрижуваат, ниту да се користат како оправдување за милитаризација на државата и општеството, а уште помалку за поттикнување опасни конфликти и оживување на застарени повици за територијални претензии. Ниту еден обид за оживување на поделбите од минатото, за поттикнување тензии или за спречување на помирувањето и соработката нема да успее да го врати регионот назад или да ѝ наштети на нашата заедничка европска иднина“, нагласи тој.

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ-Радман, рече дека трилатералниот договор има за цел продлабочување на регионалната соработка и партнерство меѓу пријателските земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија му возврти на Вучиќ: Националистичката реторика…

Албанија остро ги осуди изјавите на српскиот…

(Видео) Хаос во албанскиот Парламент: Пратеник украде…

Хаос во албанскиот Парламент. Лидерот на Партијата…

За половина година Албанија ја посетиле над…

Во првата половина од годинава во Албанија…

Албанија остро ги осуди новите напади извршени…

Албанија остро ги осуди новите напади извршени…

Партијата на Македонците и другите малцинства во…

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата…