Албанска актерка ја тужи владата на Рама за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“
Албанската актерка, Анила Биша поднесе тужба против Владата бидејќи не дозволила понатамошно користење на нејзиното лице и глас, за Диела, министерка создадена со помош на вештачка интелигенција.
Премиерот Еди Рама ја претстави Диела во септември 2025 година, наведувајќи дека таа е министерка дизајнирана со вештачка интелигенција за да биде неподмитлива и ефикасна во државните набавки, со што таа стана позната како првата виртуелна министерка во светот.
Анила Биша тврди дека нејзиниот договор со властите ја вклучувал само платформата е-Албанија и дека тој истекол на 31 декември, и оти нејзиното лице и глас се користат без дозвола.
Актерката ја тужи Владата, лично Рама, приватната компанија со која имала договор и Националната агенција за информатичко општество (НАИС), тврдејќи дека тие продолжиле нелегално да ја користат нејзината слика и глас, нанесувајќи ѝ „непоправлива штета“.
Биша, исто така, побара Владата да престане да ја користи нејзината слика додека случајот не се реши. Нејзината тужба беше објавена од локалните медиуми.
Неодамна виртуелната министерка Диела го доби признанието Future Fit Seal на Светскиот самит на влади во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Министерството за економија и иновации на Албанија оцени дека оваа награда е престижна и дека ги одликува иновативните иницијативи и новите модели на владеење, кои ги подготвуваат владите за идните предизвици во секторите на иднината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанска актерка ја тужи владата на Рама…
Албанската актерка, Анила Биша поднесе тужба против…
Сериозни турбуленции во владата околу улогата на…
Се разидуваат ли во политичките ставови околу…
Најмногу туристи во Македонија во декември дошле…
Во декември лани 59.521 туристи оствариле 112.001…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев…
Филипче жестоко се обидува да го одбрани…
Бугарскиот патријарх и Синодот индиректно застанаа зад…
Бугарската претседателката Илијана Јотова се сретнала со…