Објавено на:

Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово

t

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, вели министерот за здравство, Азир Алиу во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Според министерот Алиу, станува збор за проект кој треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион.

Министерот Алиу посочува дека проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин.

Со проектот е предвидена целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа медицинска технологија и опрема, како и функционално поврзување на болничките објекти со топли коридори, со цел побезбедно и поефикасно движење на пациентите и здравствениот персонал. Дополнително, ќе се изградат и две нови современи згради.

„Од раздвоени и амортизирани објекти одиме кон интегриран, функционален систем подготвен за иднината. Од систем што доцни, кон систем што реагира навреме“, нагласува министерот Алиу.

Според него, оваа инвестиција ќе создаде нова регионална здравствена установа во која граѓаните од Полошкиот регион ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга навремено и поблиску до местото на живеење.

Министерот Алиу потенцира дека проектот има и значајна развојна и образовна димензија. Во соработка со Универзитетот во Тетово, професорите и студентите по медицина за првпат ќе добијат модерни и достоинствени услови за работа, практична обука и подготовка според стандардите на современото здравство.

„Овие проекти се витални за здравствениот систем и ние што ги реализираме, со право ќе се гордееме со нив цел живот. Затоа што не градиме само ѕидови. Градиме стандарди. Градиме достоинство. Градиме иднина за здравството во нашата земја“, се вели во објавата на министерот за здравство, Азир Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација…

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно…

Поранешна директорка на Битолската болница го оштетила…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53)…

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од…

На 16.04.2026 во 22:05 часот, полициски службеници…

Тетовец прободен со нож поради расправија во…

МВР информира дека синоќа во 21:35 часот,…

29-годишна битолчанка почина во болницата во Гостивар

Девојка (29) од Битола починала откако била…