Алиу: Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа, ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар

t

Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа, ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар, најави вечерва министерот за министерот за здравство, Азир Алиу.

Во вечерашнното гостување во емисијата „360 степени“ потенцира дека партијата ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар. Тој посочи дека од она што досега е познато, првите двајца луѓе што ќе раководат со ВРЕДИ од позиција на копретседатели на политичката партија се градоначалниците на Општина Чаир и на Општина Тетово, Изет Меџити (Демократско движење) и Билал Касами (Беса). Согласно органограмот, ќе има и двајца заменик-претседатели и секретар, а се работи на дефинирање и на секретаријатите на партијата. Од структурата на Азир Алиу, позицијата заменик-претседател би требало да ја добие пратеничката Мимоза Муса (некогашна Алијанса за Албанците), додека пак политичката партија Алтернатива, од чии редови доаѓа претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, според него, е согласна да ја добие позицијата секретар во ВРЕДИ.

-Ние ќе имаме заменик-претседател на ВРЕДИ. Исто така, Беким Ќоку (Самоопределување) ќе биде заменик-претседател. Значи, двајца. Па, потоа ќе имаме секретар којшто ќе биде од Алтернатива и после ќе имаме структура којашто ќе ја предводат различни луѓе од различни профили, но следиме и сме многу претпазливи за сите пет институции во моментот да имаат по 20 отсто во секој дел од раководството на политичката партија – рече Алиу.

На прашањето дали е иронично тоа што промоцијата на политичката партија ВРЕДИ е предвидена за на 9 мај, кога се слави Денот на Европа, во момент кога Македонија е заглавена на европскиот пат, Алиу потенцира дека постојат две причини зошто токму овој датум бил одбран за одржување на првиот конгрес на новата политичка партија. Една од нив, како што рече, е нивната структура и поради наративот што го градат, за кој вели дека е европски, а тие се проевропски политичари.

-Државата не може да кажете дека не е проевропска бидејќи секој закон кај нас никогаш нема да може да помине ни внатре во внатрешните административни процедури, а не, пак, да помине на седница на Влада или во Собрание. Така што, политичките проблеми коишто ги имаме како држава треба на политичко ниво да ги решаваме, но апликативните и административните процедури никој не може да каже за ниедна политичка партија освен Левица дека јавно излегуваат и велат дека се против Европа. Јас други политички партии и други политичари не знам дека постојат – рече Алиу.

Дополнително, вели дека тие и досега често одржувале состаноци со структурата на секоја политичка партија која е дел од ВРЕДИ и дека пред нив ги објаснувале процесите.

-Знаете, ние често имаме состаноци со структурата на секоја политичка партија, сега веќе ќе почнеме после 9 мај и со спојување на тие структури во една заедничка хомогена структура. Нашата работа повеќе објаснува од нашиот политички наратив. За жал, мислам дека во Бугарија овие се осми избори коишто придонесуваат кон спорот што го имаме со нив, а со цел и ние како држава конечно да може да почнеме преговори со ЕУ…Знаете, ние имаме два ресорни министри коишто дневно работат на оваа проблематика и, верувајте, на неделно ниво нѐ брифираат до каде се, до каде е процесот. Ние сме на добар пат и јас сум многу оптимист дека многу брзо ќе ги видиме првите резултати истакна министерот Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на…

Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9…

Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот…

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме…

Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад…

Алиу открива кавга во ВЛЕН: Не комуницирам…

Министерот за здравство Азир Алиу, кадар на…

Маѓар: Унгарија ќе ги спроведува налозите од…

Петер Маѓар изјави дека Унгарија повторно ќе…