Објавено на:

Америка најавува воен самит за безбедноста на западната хемисфера

t

Врвни воени претставници од 34 земји ќе се состанат во февруари за да разговараат за заедничките безбедносни приоритети на Западната хемисфера, соопшти американската војска.

„Земјите од Западната хемисфера делат длабоки историски врски, заеднички вредности и интерес за регионална стабилност што ја поддржува долгорочната безбедност и просперитет на Соединетите Американски Држави и нашето заедничко соседство“, се вели во соопштението на американската војска, објави Ројтерс.

Домаќин на првата конференција на врвни воени претставници од 34 земји од Западната хемисфера, што ќе се одржи на 11 февруари, ќе биде претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн. На конференцијата се поканети врвни воени претставници од Данска, Велика Британија и Франција, објави претходно „Њујорк тајмс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка најавува воен самит за безбедноста на…

Врвни воени претставници од 34 земји ќе…

ЕУ заклучи дека е минат “Рубикон” и…

По пет часа поминати на вечера во…

САД, Украина и Русија на мировни преговори…

Во Абу Даби денеска ќе се одржат…

Путин ќе донира 1 милјарда долари за…

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за можноста…

САД денеска официјално излегуваат од СЗО

САД денес се повлекуваат од Светската здравствена…