Американскиот министер за финансии Скот Бесент со изјава дека САД мора да го преземат Гренланд бидејќи Европа е преслаба за да го одбрани
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД мора да преземат директна улога во контролата на Гренланд, бидејќи Европа, според него, нема капацитет самостојно да ја гарантира безбедноста на стратешки важниот арктички регион.
Изјавата беше дадена во интервју за американската емисија „Meet the Press“, а ја пренесоа неколку меѓународни медиуми и профили на социјалните мрежи. „Европа е премногу слаба да се брани. САД мора да го преземат Гренланд за да ја обезбедат стабилноста и безбедноста во Арктикот“, наводно изјавил Бесент.
Изјавата веднаш предизвика реакции во Европа, каде ваквиот став се оценува како отворен притисок врз суверенитетот на Данска и Гренланд, но и како нов сигнал за засилена геополитичка борба меѓу големите сили за контрола врз Арктикот, богат со природни ресурси и стратешки поморски патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американскиот министер за финансии Скот Бесент со…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави…
Претреси кај апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој…
Претреси се спроведуваат кај судијата Ѓоко Ристов,…
Данската премиерка: Трамп не може да ја…
Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го…
Филипче на „кафе“ со Ахмети во Мала…
Широк опозициски фронт за ЕУ во кој…
Осумте земји на кои Трамп им најави…
Осумте европски држави, кои се најдоа на…