Ова се бројките на вработени во јавна администрација по етничка припадност!
Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор кои се опфатени во најновиот Регистер за 2024 та година, 72,59% се етнички Македонци, 21,39% етнички Албанци, 2,07% се Турци а останатите заедници се застапени со помалку од 2 %, пишува Порталб. Во Регистарот на вработени во Јавниот сектор за 2024 та се нотира и укинувањето на “Балансерот” од страна на Уставен суд.
“Почнувајќи од 2015 година, секоја институција во јавниот сектор изготвува годишен план за вработување и согласно истиот спроведува постапки за вработување. Распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност, се врши електронски преку веб алатката достапна на веб локацијата http://balancer.mioa.gov.mk/. Користењето на гореспомената алатка е укинато со одлуката на Уставен суд на Република Северна Македонија У.Бр 90/2024 од 09.10.2024 година” – се наведува во извештајот.
Во Јавниот сектор во 2024 та работеле 127.322 лица а со извештајот се опфатени 108.670 вработени.
Етничка структура 2024
Македонци 78 884 72,59%
Албанци 23.248 21,39%
Турци 2.248 2,07%
Роми 1.281 1,18%
Срби 1.086 1,00%
Извор : Регистер за јавен сектор
Што покажуваат податоците за етничката структура на вработените?
Анализата на вработените според видови на институции покажува дека етничките Албанци се најмалку застапни во институциите : Претседател на РСМ со 11,86%, Служба во Владата со 12,14% и во Влада на РСМ со застапеност од 15,01%. На ниво на сите општини застапеноста на етничките Албанци изнесува 20,51%, во министерствата е 25,47% а највисока застапеност со удел 60% има во Самостојните стручни органи. Во институциите од правосудството, во Јавното обвинителство 80,56% се Македонци додека 15,93% се Албанци, во Уставниот суд соодносот на застапеност е 74.58%, односно 15.25% додека во Судовите застапеноста на етничките Албанци е 17.03% додека на етничките Македонци е 78.68%.
Етничка структура
Македонци Албанци
Јавно Обвинителство 80,56% 15,93%
Уставен суд 74,58% 15,25%
Судови 78,68% 17,03%
Извор : Регистер за јавен сектор
Најновите податоци од Регистарот на вработени во јавниот сектор покажуваат различна распределба и концентрација на вработените по етнички клуч на ниво на министерства. Највисок процент на застапеност од 54,10% на етничките Албанци има во Министерството за односи меѓу заедниците, во кое пак 34,02% се Македонци, 3,28% се Турци, по 2,87% од вработените се Роми и Срби додека 1,23% се Бошњаци а 0,41% се Власи.
Над 30% застапеност на граѓаните од Албанската заедница има во Министерството за економија 42,37%, Министерството за здравство 37.39%, Министерството за образование 34.58%, Министерство за правда 37.99%, во Министерство за јавна администрација застапеноста изнесува 33.33%, во Министерство за локална самоуправа 35.29%, во Министерство за животна средина 37.69% и во Министерство за европски прашања 31.00%.
Од друга страна најниски проценти на застапеност на етничките Албанци има во Министерство за спорт 12.50%, Министерство за одбрана 13.74%, Министерство за дигитална трансформација 16.34%, Министерство за земјоделство 19.45% и во Министерство за транспорт каде од вкупниот број на вработени, 19.47% се етнички Албанци.
Новите податоци покажуваат дека најголем број на вработени од Турската заедница има во Министерство за економија, во Министерство за јавна администрација и во Министерството за европски прашања. Најголема процентуална застапеност пак на Ромите, над 2%, има во неколку ресори како Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за правда, Министерство за социјална политика а највисок удел од 6,25% на застапеност на Ромите има во Министерството за спорт.
Во следното тематско продолжение на “Анализа” – вработени во Јавен сектор според етничка припадност и образованието во државните институции и агенциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се бројките на вработени во јавна…
Од вкупниот број на вработени во јавниот…
Украина им плаќа на војниците да замрзнат…
Соочена со тешка демографска криза, која руската…
ДУИ му поднесе кривична на Филков
ДУИ му поднесе кривична пријава на министерот…
Поради врнежите од дожд свлечиште на патот…
Општина Тетово ги известува граѓаните да бидат…
Сообраќајна несреќа на автопатот Миладиновци-Штип, три лица…
На 16.02.2026 во 16:50 часот во ОВР…