Ангел повреден во дискотеката „Пулс“ кој се лекуваше во Грција се врати во државава

Попладнево на аеродромот во Скопје пристигна вториот пациент кој се лекуваше во странство. Се работи за 22 годишниот Ангел, кој беше повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Топло добредојде на Ангел, вториот пациент, кој попладнево пристигна од болницата во Атина му посакаа министрите Таравари и Муцунски. Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување. Му посакуваме брзо закрепнување и добро здравје“, објавија на Фејсбук страницата од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангел повреден во дискотеката „Пулс“ кој се…
Попладнево на аеродромот во Скопје пристигна вториот…
(Фото) Закани кон вработени во јавниот сектор…
До Инфомакс пристигнаа повеќе пораки од граѓани,…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Тешко е повредена жена во Битола, ја…
65-годишна жена вчера е прегазена од автомобил…
(Видео) Мојсоска: Психопат тепа бремена жена на…
*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска:…