Андреевски: Од тоа колку ќе трае војната меѓу САД и Иран ќе зависи и колкава цена за енергенси ќе плаќаме како држава
Ова се турбулентни денови со многу предизвици и неизвесна иднина што ќе се слчува, не само за нашата република, регионот но и за глобалниот поредок и ова е геополитичка, воена и на повидок и енергетска криза што следи, изјави во Топ Тема енергетичарот и екс владин советник Митко Андреевски.
Андреевски се осврна на цените на природниот гас во последните два дена откако трале судирот помеѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна „Она што можеме да го забележиме овие два дена е огромен скок на цената на природниот гас затоа што најголемите извозници доаѓаат од Персискиот залив и тие снабдуваат една петтина од светските потреби на природен гас. Огромен дел и од Европа после санкциите кон Русија, се снабдува со природен гас чиј доставувач е Катар.
Следиме овие два дена дека е блокиран комплетно експортот на гас од Катар за било каде во светот вклучително и во Европа и затоа имаме досега невиден скок на цените на природниот гас. На европската берза, најреферентнта берза во Европа, во петокот затворивме со цена од 32 евра. Во понеделникот се разбудивме со скок од 42-3%. Значи од 32 во само еден ден тоа е 45 денес пикот во 13 часот цената беше 65 евра. Можете да замислите еден производ во понеделник наутро да чини 32 евра, а веќе во вторник на пладне да чини 65 евра. Тоа е огромно зголемување, однсносно имате двојно поголема цена“ рече Андреевски.
Сепак, додаде тој, она што радува е последниве неколку часа цената се намалува и некаде сега е околу 53 евра. Андреевски смета дека ако се повтори 12дневната војна меѓу САД и Иран и целиот конфликт заврши релативно брзо, тогаш ќе се стабилизираат и цените. „Дали оваа криза ќе трае два дена, пет дена или еден месец е знак прашање. Ако трае кратко ќе го имаме ефектот како првиот напад кога го изведоа САД и Израел врз Иран за уништување на одредени складишта кои имаа за цел збогтување на ураниум и произведување на атомска бомба и тоа го видовме во текот на јули месец лани. Ако траат кратко нема да почуствуваме голем ефект“ уверува Андреевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андреевски: Од тоа колку ќе трае војната…
Ова се турбулентни денови со многу предизвици…
Таткото кој си го малтретираше семејството оди…
Прифатен предлогот на ЈО, определен 48 часовен…
Можат ли иранските ракети да стигнат до…
Прашањето можат ли иранските ракети да стигнат…
Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се…
Првиот авион со патници од Дубаи слета…