Анкета: Само една третина од Американците го поддржуваат нападот врз Венецуела
Само 33 проценти од Американците ги одобруваат американските воени удари врз Венецуела, додека 72 проценти се загрижени дека САД би можеле прекумерно да се вклучат во таа јужноамериканска земја, покажува анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена денеска.
Според резултатите, 65 проценти од републиканците ја поддржуваат воената операција наредена од републиканскиот претседател Доналд Трамп, наспроти 11 проценти од демократите и 23 проценти од независните испитаници.
Американските сили во саботата наутро извршија смртоносна операција во Каракас, по која венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен и предаден на американските федерални власти, за да му се суди по обвиненија што вклучуваат трговија со дрога.
Анкетата покажува и значајна поддршка меѓу републиканците за надворешна политика насочена кон влијание врз соседните земји.
Околу 43 проценти од републиканците се согласиле со тврдењето дека „САД треба да водат политика на доминација во Западната Хемисфера“, додека 19 проценти не се согласиле. Останатите испитаници одговориле дека не се сигурни или не дале одговор.
Истражувањето, спроведено меѓу 1.248 возрасни лица во САД, покажува дека рејтингот на одобрување на Трамп изнесува 42 проценти – највисоко ниво од октомври наваму и пораст во однос на 39 проценти во анкетата од декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анкета: Само една третина од Американците го…
Само 33 проценти од Американците ги одобруваат…
Скопјанка се жали дека куче ѝ ја…
Жена од скопската општина Гази Баба преку…
Сè уште се бара сторителот на залутаниот…
Сè уште не е познато кој е…
Алиу: Во секоја здравствена институција има недостиг…
Во секоја здравствена институција вклучително и клиниките…
„Не сум виновен“: Мадуро се изјасни во…
Соборениот венецуелански лидер Николас Мадуро се прогласи…