Апасиев: Ај да воведеме објективни критериуми за разрешување на судии, ако изгуби спор во Стразбур не ни треба

t

На вчерашната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, при разгледување на Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2024 година, се осврна на сериозните проблеми со сегрегацијата во образованието и нефункционалноста на судскиот систем, посочувајќи на постоење на двојни стандарди и недостиг од суштинска правна интерпретација.

„Мислам дека два концепта провејуваат во вашето излагање – сегрегација и интерпретација. Јас како професор по право никако не можам да сфатам како тоа чисти етнички паралелки во источна Македонија се сегрегација, а чисти етнички паралелки во западна Македонија се човеково право. Тоа ни член на Комисијата, ни Уставниот суд, па ниту Стразбур не може да ми го објасни.

„Ние имаме судии кои не знаат да интерпретираат право. Тие прават само голо буричкање по словото на законот. Видете пресуда – обична, само цитирања член врз член. Тоа вас ви ги прави проблемите. Не можеш да разрешиш судија едноставно. Дајте да воведеме објективни критериуми – изгубиш ли случај во Стразбур, не ни требаш.“ – вели Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ај да воведеме објективни критериуми за…

На вчерашната седница на Постојаната анкетна комисија…

Стразбур донесе одлука во корист на затвореник…

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и…

Апасиев го тужи Собранието

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…

Даштевски, Габер-Дамјановска и Лидија Неделкова во трката…

Над 20 правници, судии и обвинители, но…