Апасиев достави предлог-заклучоци за трагедијата во „Пулс“: Комисијата бара итна реакција и правда за жртвите!
Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за слободата и правата на граѓанинот, соопшти дека до сите пратенички групи во Собранието доставил предлог-заклучоци од седницата на Комисијата, поврзана со претставката на родителите на загинатите деца во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Очекувам предложените заклучоци да бидат едногласно усвоени на првото продолжение на V-та седница на Комисијата“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.
Во предлог-заклучоците најостро се осудува институционалната нефункционалност која довела до трагедијата на 16 март, а се изразува и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и повредените. Комисијата укажува на сериозни слабости во институциите, непочитување на законите и можни обиди за прикривање на одговорност, што бара итна и решителна реакција од сите државни органи.
Барањето е за спроведување независна, транспарентна и темелна кривична постапка за утврдување на сите одговорни лица и институции, вклучително и носителите на јавни функции. Во заклучоците се потенцира дека правото на живот е највисока вредност во уставниот поредок и се упатува повик до Јавното обвинителство да постапува непристрасно и навремено.
Дополнително, се изразува загриженост за наводите за корупција при издавање дозволи и инспекциски надзор. Комисијата препорачува итни законски измени за подобрување на регулаторниот и инспекцискиот надзор врз угостителските и други јавни објекти, како и за заострување на кривичната одговорност на службените лица кои не постапуваат според законот.
Се поддржува и одржување надзорна расправа во Собранието за утврдување институционална одговорност и предлагање конкретни мерки за превенција, со нагласок на потребата од ефикасен, независен правосуден систем и искоренување на корупцијата.
На крајот, Апасиев апелира до пратениците од власта и опозицијата да постигнат консензус за донесување посебен закон за обесштетување на семејствата на жртвите, а усвоените заклучоци да бидат доставени до Владата и Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев достави предлог-заклучоци за трагедијата во „Пулс“:…
Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната…
Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен…
Викендов, на 27 и 28 декември, Македонија…
ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…
Нема да има никаква потреба од нова…
Ослободени дел од обвинетите за падот на…
Вишиот суд во Нови Сад ја запре…
„Не ни треба помош“: Скопје ја одби…
Македонското МНР попладнево ја потврди веста од…