Апасиев и Мециновиќ на средба со кубанската амбасадорка

t

Денес, претседателот на Левица и пратеник проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, остварија втора официјална средба со кубанската амбасадорка, Н.Е. Марија Гарсија Хордан, во целосно пријателска атмосфера, во т.н. „Струшка соба“ во Собранието на Република Македонија.

Средбата повторно помина во конструктивна атмосфера, затоа што принципите на кои се случува меѓународната комуникација се засноваат на нашата соработка со Комунистичката партија на Куба како сродна партија, но и на пријателската традиција на односи помеѓу нашите народи, и традицијата за билатерална и мултилатерерална соработка помеѓу нашите држави.

На состанокот, Левица повторно ги изрази своите ставови за позицијата на Република Македонија во однос на гласањето во Генералното собрание на ОН по точката за ставање крај на економската блокадата над Куба. Притоа, го осудивме и повторното ставањето на Куба на листата на земји кои поддржуваат тероризам, сметајќи дека тој став не ја одразува реалноста во меѓународните односи.

Разговорот заврши со дискусија за поинтензивна соработка и комуникација, како на партиско, така и на државно ниво за унапредување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Куба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев го тужи Собранието

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…

Апасиев оствари официјална средба со Кубанската амбасадорка

Денес, 13 септември 2024 година (петок), претседателот…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…