Објавено на:

Апликација на владата спои 265 брачни двојки во Токио — со вештачка интелигенција во борба против нискиот наталитет

t

Вкупно 265 парови стапија во брак откако се запознаа преку апликација за состанување на парови базирана на вештачка интелигенција, лансирана од градските власти во Токио – Јапонија во 2024 година со цел да се ублажи ниската стапка на наталитет. Апликацијата наречена „Токио Енмусуби“ започна со работа во септември 2024 година, откако едно истражување покажа дека околу 70 проценти од луѓето кои сакаат брак не преземаат активни чекори за да пронајдат партнер, пишува „Јапан тајмс“.

За да се надмине оваа пречка и да се обезбеди пристап само за оние кои се навистина сериозни, корисниците мораа да поднесат правен доказ дека се слободни и да поминат низ разговор преку интернет, покрај другите строги услови.

Според официјалните владини податоци, заклучно со 30 јуни оваа година, апликацијата брои 16.000 регистрирани членови избрани од околу 36.000 пријавени кандидати. Од нив, 760 парови моментално се во сериозна врска, а 265 веќе го изговорија судбоносното „да“.

Лични сведоштва на корисниците

Една корисничка под псевдонимот „Тртл“ изјави дека ја пробала апликацијата како последна можност пред нејзиниот 40-ти роденден. По неколку средби на слепо, на крајот на август го запознала својот сегашен сопруг, во средината на септември започнале сериозна врска, а крајот на декември ја прифатила неговата понуда за брак.

Друг корисник, под псевдонимот „Скајтри“, го истакна квалитетот на компјутерскиот систем за проценка. Според него, алгоритмот ја прикажува компатибилноста во три фази, што им дава дополнителна храброст на луѓето кои се двоумат дали да се сретнат со некого. Тој додаде дека оценката за компатибилност со неговата девојка била совршена.

Овие мерки доаѓаат во време кога Бројот на новородени деца во Јапонија падна на нов историски минимум од 6

71.236 во 2025 година, што претставува десетта година по ред со пад на наталитетот.

Во истиот период, бројот на смртни случаи беше повеќе од двојно поголем и изнесуваше 1,6 милиони. Стапката на фертилитет исто така забележа благ пад од 0,01 процентен поен и сè уште е на ниско ниво од 1,14, иако бројот на склучени бракови забележа благ пораст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апликација на владата спои 265 брачни двојки…

Вкупно 265 парови стапија во брак откако…

Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски…

Европските градови и годинава доминираат на листата…

Јапонија ќе има резервен главен град

Јапонската премиерка Санае Такаичи ја објави својата…

„Македонско девојче“ изведена од јапонски музичари на…

Композицијата „Македонско девојче“ беше дел од големиот…

Јапонија дава милион јени на семејствата што…

Јапонија од април ќе дава 1 милион…