Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел
Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.
„Иранско-американските услови се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или ќе има прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Тие не можат да ги имаат и двете“, напиша Аракчи на својот профил на мрежата Икс. Тој истакна дека целиот свет ги гледа масакрите во Либан.
„Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држи до своите обврски“, објави Аракчи. Претходно, Иран прогласи „историска и разорна победа“ над САД и Израел по 40 дена војна, велејќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој вклучувал прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските борбени сили од регионот. И покрај прекинот на огнот, израелските сили започнаа жестоки напади врз Либан, погодувајќи 100 цели во рок од 10 минути. Во нападите загинаа најмалку 254 Либанци, а најмалку 1.165 беа повредени, пренесуваат медиумите во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин…
Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави…
Трамп најави директни преговори со Иран во…
– По постигнатиот договор за прекин на…
Нетанјаху предупреди: Ова не е крај
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека конфликтот…
Протести во Ирска: блокирани патишта поради високите…
Демонстранти во Ирска, незадоволни од високите цени…
Ванс со директна поддршка на унгарскиот премиер…
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Ванс, ги осуди…