Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов директор на ЈП „Комунална хигиена“

t

Александар Јовановски е новиот прв човек на Комунална Хигиена Скопје. Градската власт го назначи нивен инспектор од секторот за инспекторат, а претходно искуство имал и во Секторот за локален економски развој информираат од Град Скопје.

– Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита на унапредување на животната средина работел на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски ќе придонесе во КХС за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје.

Одлуката доаѓа откако поранешниот прв човек Сабахудин Рустеми и раководителот Аки Саити се во притвор, а претпријатието без раководна структура. Утрово Упрваниот одбор на КХС со итна ургенција побара од градоначлничката данела Арсовска да назначи в.д директор, бидејќи резервите со гориво за комуналните возила се при крај со што дополнително ќе се проблематизира собирањето на отпадот.

УО Комунална Хигиена

– Во моментот се при крај резервите со нафта намената за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот, што не може да се набави без потпис на в.д директор. Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена – Скопје бара ИТНО од вас да назначите нов в.д директор кој ќе раководи со претпријатието за остварување на примарната дејност, а во интерес на заштита на животната средина и јавното здравје.

Притворените раководители Рустеми и Саити се сомничат за загрозување на животната средина и природата со отпад а судијата на претходна постапка им одреди 30 дневен притвор. И додека Едни контејнери се празни и чисти, други се преполни со мини депонии околу нив и ја грдеат сликата на главниот град кој претендира да биде европска престолнина на културата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов…

Александар Јовановски е новиот прв човек на…

Трамп најави потег со нуклеарно оружје какво…

Во пресрет на средбата со кинескиот претседател…

Јакимовски: Карпош знае да врати почит!

Карпош знае да врати почит! Имаме 12.000…

Кочовски: Повеќе од 15 илјади македонски граѓани…

Работната миграција од Македонија останува стабилна, а…

Левица: Орце бега од дебата без тутор…

Иако пред очите на целата јавност владиниот…