Арсовска: Стратегијата на политичарите е раздор со меѓусебни националистички напади додека тие крадат милиони
Екс-градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги коментираше неодамнешните пораки на лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Арсовска тврди дека дел од политичарите, со постојаните меѓусебни националистички напади намерно создаваат раздор меѓу Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците…
-Тоа им е стратегијата, ако нема леб, дај му на народот омраза. Некој ќе возврати, не затоа што му е грижа, туку само за да си крене рејтинг кај Македонците, затоа што кога нема идеи, нема визија и нема проекти за подобар живот, тогаш најлесно се опстојува со поделби, тврди Арсовска.
Според неа, ќе биде интересно во моментот кога сите што чесно живеат и работат во Македонија, ќе станат свесни дека од прв до последен се исти само ги менуваат местата.
-Целата стратегија им е со раздор и дефокус мирно да крадат милиони и да владеат, додека на народот му ги поскапуваат струјата, парното, водата, здравјето и самиот живот, потенцира поранешната градоначалничка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…
Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…