„Ауди“ со илегални мигранти се судри со автомобил кај Струмица – има повредени, возачот на „аудито“ побегнал

t

Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.

По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено, објави МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра…

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола…

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова…

Во Грција во летниот период е активно…

Топлотен бран до средината на следната седмица…

Под влијание на топла воздушна маса од…

(Видео) Полицаец паркира на пешачки премин

На една од улиците во градот, полицаец…

Скопјанец загина под сопствениот прозор,со мотор го…

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа…