АХВ објави кои серии на бебешката храна „аптамил“ се повлечени од продажба

t

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека превентивно се повлекуваат неколку серии на бебешката храна од брендот „аптамил“, кај кои постои можност за присуство на цереулид.

Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување.

„Апелираме потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени“, соопшти АХВ.

Производи опфатени со повлекувањето се:

APTAMIL AR 2

Сериски број (лот)
Рок на употреба
20250924 / 111492248
24.09.2026
20251106 / 111505015
06.11.2026

APTAMIL PRONUTRA 2

Сериски број (лот)
Рок на употреба
20250619 / 111450979
19.06.2026
20260720 / 111470149
20.07.2026
20260922 / 111494041
22.09.2026
20261027 / 111509436
27.10.2026
20261130 / 111518857
30.11.2026
20261219 / 111526365
19.12.2026
20270121 / 111539141
21.01.2027

APTAMIL PRONUTRA 1

Сериски број (лот)
Рок на употреба
20260722 / 111473082
22.07.2026
20260904 / 111489543
04.09.2026
20261014 / 111504828
14.10.2026
20261126 / 111519122
26.11.2026

Цереулид е токсин отпорен на топлина произведен од бактеријата Бацилус цереус која може да се развие во храната. Најчестите симптоми на можна инфекција се повраќање и дијареја, кои се јавуваат кратко време по консумирањето на млекото, помеѓу 30 минути и три часа. Симптомите се многу слични на оние на стомачен вирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ објави кои серии на бебешката храна…

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека…

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми…

Се со цел да се спречи индустриско…

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница…

Додека пред Собранието траеше блокадата која ја…

Ќе добиеме ли македонски „Белград на вода“…

О2 Иницијативата повикува на попладневната стручна расправа…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми…

Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на…