Ахмети: Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови! Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома

t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека не ги сфаќа сериозно жалбите на поединци кои останале надвор од партиските структури на петтиот Конгрес. На брифинг со медиумите, тој изјави дека станува збор само за две или три лица кои јавно реагирале.

Тој го спомена Абдил Селам Селами, за кого рече дека се извинил и дека останува на страната на ДУИ. Ахмети беше дециден: „Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“.

ДУИ, според Ахмети, се стреми кон национален договор за развој, оценувајќи дека граѓаните се уморни од дневната политика која, како што рече, служи за партиски бенефиции.

„Кога имавме храброст да го направиме Охридскиот договор, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија, зошто да не имаме национален договор за развој, вклучувајќи ги најдобрите експерти во земјата“, рече Ахмети.

Тој го повтори барањето за уставни измени, нагласувајќи дека во иднина Владата треба да се избира со двојно мнозинство, додека Бадентеровиот принцип треба да се применува и во Уставниот суд. Според него, ова ќе биде услов за учество во управувањето.

Ахмети рече дека Охридскиот договор не бил и не е совршен, бидејќи е компромисен договор, но додаде дека во него има простор за напредок доколку е потребно. Тој ги критикуваше двете стопански комори, за кои рече дека создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, рече Ахмети.

Според него, планот А останува развој и напредок на државата, додека изрази надеж дека нема да се префрли на план Б.

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, додаде Ахмети.

Лидерот на ДУИ коментираше и за коалицијата НАИ. Во врска со Тачи, тој рече дека излегол со договор и дека тоа не му штети на Фронтот. Додека за Зијадин Села рече дека во крупните прашања е дел од НАИ, но според него, Села има за цел да изгради свој политички идентитет, бидејќи мисли дека е во сенка на ДУИ.

Ахмети рече дека не верува дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар, додавајќи дека Села не склучува тајни договори, бидејќи тие, како што рече, брзо излегуваат на виделина.

Конечно, беше објавено дека ДУИ ќе одржи тематски конгрес напролет, каде што ќе се разговара со базата, а потоа ќе се донесе одлука за идеологијата на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Јас не сум претставник на мачки,…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека…

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211…

Денеска е извршена исплата на средства во…

(Фото) Фала Мицкоски: Меџити ја пречека албанската…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ja…

СДСМ: ДПМНЕ е македонска верзија на Монти…

Кога менуваат обвинител само за да си…

Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…