Аца Лукас: Акција на државниот врв против мене, ќе размислам дали пак ќе настапам во Македонија

t

Српскиот пејач Аца Лукас вели дека приведувањето било акција насочена лично кон него и дека неговото приведување во Кавадарци било со директна наредба од државниот врв.

– Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт – тврди тој.

Лукас вели дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.

– Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого – рече тој.

Пејачот опиша дека полицијата го прекинала концертот половина час пред крајот, додека целиот бенд бил на бината, а само тој бил однесен во станица. Вели дека не бил уапсен, туку сам влегол со своето возило и дека таму му било кажано оти настапот не бил пријавен, иако, како што тврди, неколку дена претходно ја доставил копијата од пасошот согласно вообичаената процедура.

Тој додава дека цела ноќ поминал во полициска станица, дека не му било дозволено да се врати во хотел, а утрото да чека судија за прекршоци. Вели дека полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле во име на македонскиот народ.

– Сакам да истакнам дека соработував со институциите и постапив коректно во секој момент – посочува српскиот пејач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аца Лукас: Акција на државниот врв против…

Српскиот пејач Аца Лукас вели дека приведувањето…

Јанчев за приведувањето на Аца Лукас: 700…

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во…

МВР со детали за апсењето на Аца…

Министерството за внатрешни работи за Инфомакс ја…

Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…

Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…

Погрешен е впечатокот дека Германија издвојува помалку…

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, во интервју…