Бегај: Албанија е пример за верска хармонија
Албанија е пример на верска хармонија, наследени од нашите предци, како дел од скапоценото богатство на нашата земја, рече албанскиот претседател Бајрам Бегај, на денешната средба со претставници на верските заедници, во рамки на Светската недела на меѓуверска хармонија.
Бегај денеска беше домаќин на претставници на Центарот за меѓуверска соработка, организација составена од свештеници од пет верски заедници, муслиманска, православна, бекташка, католичка и заедницата на евангелистичкото братство, кои се признати со Уставот на земјата.
На средбата, шефот на државата, изкажа позитивни оценки за овој центар, основан во Елбасан, како модел за пренесување на вредности и доблести, нагласувајќи го нивното активирање надвор од разликите во верата во корист на општеството.
Тој изрази поддршка за активностите на Центарот за меѓуверска соработка со цел зачувување на националната вредност на коегзистенцијата и меѓуверското разбирање преку активности, комуникација, жив дијалог, одговарање на сите форми на нетолеранција и дискриминација и следење на надминувањето на предизвиците преку дијалог.
„Кој подобро од вас ја претставува оваа хармонија што ја имаме, ова разбирање што го имаме меѓу различните религиозни верувања и соработка. За среќа, ги наследивме оваа коегзистенција и хармонија, но наша должност е да работиме за да ја оставиме оваа меѓуверска комуникација и хармонија како наследство на новата генерација, посочи Бегај.
Заеднички став е дека Албанија била и останува модел на верска толеранција, а односот меѓу различните вери е братски, но тоа не треба да се сфати како подарок, туку дека мора да се работи со младите луѓе за да се продолжи со негувањето на оваа вредност, која треба да се чува како светост.
За време на моите посети, забележав зголемено присуство на младите на богослужбите, што ме наведува да верувам дека пораките на свештенството стигнале до нив и дека тие почнале да ја разбираат важноста на духовноста во нивните животи, нагласи Бегај.
Шефот на државата посочи дека секогаш ќе ја поддржува секоја активност или организација што се „стреми да ги зачува, едуцира и промовира националните вредности, како што се меѓуверската хармонија и коегзистенција и корисното знаење за уште подобра иднина за Република Албанија“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегај: Албанија е пример за верска хармонија
Албанија е пример на верска хармонија, наследени…
Американците соборија ирански дрон кој се движел…
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека…
Проф. Трајковски: Оваа симпатична стреа претставува катастрофа…
Оваа симпатична стреа претставува катастрофа што чека…
(Видео) Протести и во Штип, интервенираше и…
Попладнево на повеќе локации низ земјава се…
Руте: Зеленски е подготвен за договор со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…