Објавено на:

Бил Гејтс тврди дека само три професии ќе ја преживеат вештачката интелигенција

t

Соосновачот на Mucrosoft и милијардер Бил Гејтс го даде своето предвидување за тоа кои три сектори или професии најверојатно ќе го преживеат подемот на вештачката интелигенција.

Со оглед на неговата улога во компјутерската револуција, многумина внимателно ги следат неговите размислувања за технологијата.

Иако повеќе не е вклучен во секојдневното работење на Microsoft, Гејтс ја сподели својата визија за иднината на пазарот на трудот во свет кој брзо се менува под влијание на вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција станува сè поприсутна и додека некои ја гледаат како револуционерна алатка, други се плашат дека тоа би можело да значи крај на нивните кариери.

Сепак, Гејтс верува дека нема потреба да се плашaт три групи професионалци. Иако на многумина може да им изгледа изненадувачки, луѓето одговорни за креирање на системите за вештачка интелигенција многу веројатно ќе ги задржат своите работни места.

Иако вештачката интелигенција постигна значителен напредок во генерирањето код, сè уште ѝ недостасува прецизноста и вештината потребни за градење комплексен софтвер.

Гајст верува дека човечките програмери сè уште ќе бидат потребни за поправање грешки, подобрување и усовршување на системот.

Накратко, на вештачката интелигенција ѝ се потребни луѓе за да ја работат. Вредноста на програмерите затоа нема да се намали, туку нивните вештини ќе станат уште поважни.

Работните места што се потпираат на креативност и критичко размислување, како што се оние во медицинските истражувања и научните откритија, се исто така безбедни.

Вештачката интелигенција тешко може да ги реплицира овие квалитети. Иако програмите можат да анализираат огромни збирки податоци и да помогнат во дијагностицирањето на болести, тие не успеваат да смислат нови концепти.

Вештачката интелигенција нема способност да прави револуционерни откритија или да формулира нови хипотези. Затоа, Гејтс верува дека биолозите и медицинските професионалци ќе играат клучна улога во понатамошното разбирање на животот и унапредувањето на медицината, при што вештачката интелигенција ќе служи како корисна алатка, а не како замена.

Вработените во енергетскиот сектор исто така можат да воздивнат со олеснување. Тоа е област што е премногу голема и премногу комплексна за да се управува исклучиво од вештачката интелигенција.

Без разлика дали станува збор за нафта, нуклеарна енергија или обновливи извори на енергија, експертите во оваа индустрија се одговорни за наоѓање одржливи решенија и задоволување на енергетските потреби на човештвото.

Гејтс тврди дека вештачката интелигенција може да помогне во анализата на податоците и зголемувањето на ефикасноста, но човечката експертиза останува клучна при донесување клучни одлуки, особено во управувањето со кризи, објавува Индекс.

Сепак, Гејтс призна дека неговите предвидувања можеби не се 100% точни. Тој истакна дека влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот ќе се развива на начини што сè уште не можеме да ги предвидиме, слично на случајот со индустриската револуција и појавата на Интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс тврди дека само три професии…

Соосновачот на Mucrosoft и милијардер Бил Гејтс…

Цената на суровата нафта од типот Брент…

Цената на суровата нафта „Брент“ вечерва се…

Анализа на Гардијан: Ако Трамп победува, зошто…

Иако Доналд Трамп тврди дека САД победуваат…

Силна поддршка од САД за Орбан: Џеј…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс планира да…

Русија за нападот врз иранската нуклеарна централа:…

Русија во среда го осуди нападот што…