Објавено на:

Бил и Хилари Клинтон ќе сведочат пред истражна комисија за врските со Епстин

t

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон треба да сведочат пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом следната недела во рамките на истрагата за Џефри Епстин, изјави денеска портпаролката на Комисијата.

Исказите ќе бидат дадени во Чапаква, во сојузната американска држава Њујорк, на 26 и 27 февруари, пренесе Ен-Би-Си Њуз.

Двојката Клинтон не се обвинети за какво било нелегално однесување, наведува американската телевизија.

Поголемиот дел од поранешните сведочења во врска со истрагата за Епстин беа одржани во Вашингтон, но Комисијата правеше исклучоци: сведочењето на милијардерот Лес Векснер беше одржано на неговиот имот во Њу Албани, во сојузната американска држава Охајо, додека соучесничката на Епстин, Гислејн Максвел, сведочеше виртуелно од сојузната затворска установа во американската држава Тексас.

Двојката Клинтон првично требаше да сведочат пред Комисијата минатата година, но терминот беше одложен поради нивните распореди.

Минатиот месец настана застој во работата со републиканците во Претставничкиот дом, бидејќи Клинтонови не се согласија да се појават на новозакажаното сведочење.

Комисијата во август издаде покана за сведочење на Клинтонови, барајќи сведочење во врска со Епстин, заедно со неколку поранешни високи функционери на Министерството за правда, вклучувајќи ги поранешните обвинители Мерик Гарланд, Вилијам Бар, Џеф Сесонс, Ерик Холдер, Лорета Линч и Алберто Гонзалес, како и поранешните директори на ФБИ, Џејмс Коми и Роберт Милер.

Двојката Клинтон најавија дека ќе постапат по поканата откако Комисијата изгласа понатамошни чекори поради нивното наводно непочитување. Тие сакаа сведочењето да биде јавно, предлагајќи го 26 февруари за Хилари Клинтон, а 27 февруари за Бил Клинтон.

Претседателот на Комисијата за надзор, Џејмс Комер, тогаш изјави дека двајцата се согласиле да сведочат и дека нема да бидат третирани поинаку од кој било друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп навредуваше новинарка затоа што го праша…

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…

Бил и Хилари Клинтон се согласија да…

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и…