Битола без државен инспектор за животна средина

t

Битола е една од општините што воопшто немаат државен инспектор за животна средина, во време кога загадувањето и контролата на индустриските капацитети се едни од клучните јавни прашања.

Според информациите од Државниот инспекторат за животна средина, институцијата располага со само 25 вработени, иако систематизацијата предвидува 50. Тоа значи дека Инспекторатот функционира со половина од потребниот кадар.

Инспекторатот има обврска да ги следи сите загадувачи со А-интегрирани дозволи, но и повеќе од 3600 капацитети што работат со елаборати издадени од Министерството за животна средина.

Недостатокот на инспектори значи дека цели региони остануваат без соодветен надзор.

„Државниот инспекторат подолго време се соочува со недостаток од кадар. Имаме цели региони кои немаат инспектори за животна средина. Со новиот министер веќе разговаравме за тоа, запознаен е со состојбата, така што ќе се планираат нови вработувања“, изјави за ТЕРА телевизија директорката на Инспекторатот, Ивана Гиновска.

Таа додава дека проблемот не е само на централно ниво. Повеќе од 50 проценти од општините немаат назначено локален инспектор за животна средина, па таму надлежноста ја презема Државниот инспекторат.

„Со овие капацитети сè потешко ни оди справувањето на терен, бидејќи физички не може да се постигне“, посочува Гиновска.

Освен Битола, и Охрид – град кој е под заштита на УНЕСКО – располага со само еден инспектор за животна средина.

Прашањето што се отвора е колку е можно ефикасно да се следат загадувачите и да се реагира навреме во услови на сериозен кадровски дефицит, особено во општини каде што индустријата и урбанизацијата создаваат дополнителен притисок врз животната средина.

Инспекторатот најавува нови вработувања, но засега теренот останува покриен со ограничени ресурси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битола без државен инспектор за животна средина

Битола е една од општините што воопшто…

Марш на Независниот синдикат на полицијата во…

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денес организираше…

По реакциите, закажани февруарски термини за преглед…

Онколози во Битола повторно ќе вршат прегледи…

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш…

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола…