Божиновска: Македонија ја доби првата национална Водородна студија: Отворен патот кон зелена енергија и европската водородна мрежа
Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Република Македонија, објави министерката Сања Божиновска.
Според Божиновска, станува збор за стратешки документ што претставува значаен чекор во развојот на македонскиот енергетски сектор и во подготовките на земјата за идната европска енергетска трансформација.
„Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија“, соопшти министерката.
Студијата нуди детална анализа на можностите за производство, транспорт, складирање и користење на зелен водород, при што заклучоците покажуваат дека Македонија располага со реален потенцијал да стане активен учесник во идната европска водородна инфраструктура.
Како што посочи Божиновска, документот претставува цврста основа за идните политики и инвестиции во оваа област, отворајќи нови перспективи за развој на современи енергетски технологии и поголема интеграција на земјата во европските енергетски текови.
Со изработката на оваа Водородна студија, Македонија се вбројува меѓу првите земји во регионот што имаат национална визија за развој на водородниот сектор. Тоа, според министерката, е важен исчекор кон енергетската транзиција и постепеното намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Воедно, документот се очекува да придонесе за создавање услови за нови инвестиции, развој на иновативни технологии, отворање нови можности за домашната индустрија и зајакнување на долгорочната енергетска сигурност на државата.
Министерката Божиновска нагласи дека развојот на водородниот сектор ќе биде еден од клучните елементи во процесот на модернизација на македонската енергетика и приближувањето на земјата кон европските стандарди за одржлива и чиста енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Божиновска: Македонија ја доби првата национална Водородна…
Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството…
Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија…
Денеска во Софија се одржа првиот состанок…
(Видео) Илјадници Мароканци препливаа до Шпанија, градот…
Илјадници мигранти од Мароко вчера масовно влегоа…
Инцидент во Скопје: Фрлил марихуана, па нападнал…
Ноќеска во 01:30 часот на ул.„Индира Ганди“…
Евростат: Македонија со најнизок животен стандард во…
Според податоци што ги објави Евростат Македонија…