Бомба на Ахмети: Со Мицкоски уште пред една година договоривме избори, но го смени ставот
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното издание на Клик Плус изјави дека уште пред околу една година имал средба со премиерот Христијан Мицкоски на која било договорено заедно со локалните да има и парламентарни избори. Сепак, како што вели Ахмети, Мицкоски го сменил ставот. Тоа било договорено на првата средба, а потоа на втората како што изјави Ахмети, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле презентирани две опции, кои тој не ги прифатил. Овие средби биле одржани пред сегашнава влада да наполни 100 дена владеење.
ТВ21: Кога кажавте дека ќе се сретнете тет-а-тет со Мицкоски, се интерпрерираше дека сакате посебно да се сретнете за да се усогласувате за предвремени избори. Дали може да се каже дека е така?
Ахмети: Не, не е така. За парламентарни избори сум разговарал со Христијан Мицкоски многу порано, повеќе од една година, можеби и порано…
ТВ21: Можеби веќе господин Мицкоски сменил став?
Ахмети: Не, тогаш се договоривме, парелелно со локалните избори минатата година, да имаме и парламентарни избори.
ТВ21: И не го одржа зборот?
Ахмети: И сигурно направиле соодветни анализи во ВМРО-ДПМНЕ, и во втората средба презентираше две нови опции, со кои јас не се согласував, и остана ситуацијата вака како што е досега.
ТВ21: Добро, овие разговори биле многу порано, можеби сега Мицкоски сменил став?
Ахмети: Овие разговори беа кога Владата сѐ уште немаше 100 дена.
Share
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомба на Ахмети: Со Мицкоски уште пред…
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното…
Вицепремиерот Александар Николоски ја обвини ЕУ за…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…
Зазиданите евра не биле од лозјата туку…
Одбраната на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува…
Норвешка ги подготвува граѓаните за војна: Илјадници…
Норвешките власти испратија илјадници писма до граѓаните…