Борисов: Не размилсуваме за оставки пред да влеземе во еврозоната на 1 јануари
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска изјави дека ги слуша барањата на сите демонстранти, додавајќи дека можноста за оставка на Кабинетот ќе се разгледува по први јануари и прифаќањето на европската валута.
Борисов посочи дека бугарската Влада, составена од партиите ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), БСП (Бугарска социјалистичка партија) и ИТН (Постои таков народ), поддржана од „ДПС (Движење за права и слободи) – Нов принцип“, нема да размислува за оставка пред земјата официјално да влезе во еврозоната на 1 јануари.
– Јас сум научен да го слушам гласот на секој граѓанин и ги гледам граѓаните на протестот. Политичките партии, дали се сакаме или не, кој каква стратегија има – тоа си е негова работа, но во текот на овие години не може да ми се одрече дека сум ги слушал граѓаните, рече Борисов. Тој и претходно поднесувал оставка на Влада под притисок на улични протести, но во 2020 година одби да го стори тоа.
Борисов е дециден дека влезот во еврозоната е клучна цел.
– Остануваат уште 20 метри до целта – на 1 јануари да влезе еврото. Тоа е геостратешка задача, сакам да ја завршам до крај. Им го објавив тоа на сите партнери и затоа ќе бидеме консолидирани во овие денови, не од инает, туку до влезот на земјата во еврозоната, истакна Борисов.
Тој додаде дека не се срами од постигнувањата на Владата: Тоа што го направивме – да влеземе во Шенген, да го договориме Планот за закрепнување и отпорност (ПВО), да собереме над 8 милијарди повеќе од царини и даночни измами – тоа се работи од кои јас не се срамам.
Според неговите зборови, светот се наоѓа во „совршена бура“. „Никогаш немало толку сложена состојба. А во Бугарија, партиите кои се од европски семејства кои управуваат заедно, се караат најмногу“, изјави Борисов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Не размилсуваме за оставки пред да…
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…
Помина бугарскиот буџет за 2026 година, синдикатите,…
По долги преговори и жестоки расправии, бугарските…
Радев: Сакаме Македонија да влезе во ЕУ,…
„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република…
Гневот на Бугарите кон корумпираниот систем и…
Бугарија влегува во нов бран демонстрации: по…
Бугарскиот парламент го отфрли повикот на претседателот…
Народното собрание во Бугарија го отфрли барањето…