Бошков: Како земја мораме да се отвориме за нова работна сила
Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека земјата мора да преземе посериозни чекори за привлекување нова работна сила и за интеграција на современи знаења и технологии во економијата.
„Работната сила во секој сектор е клучна. Мораме како земја да се отвориме, за да можеме да привлечеме нови работници, но и да воведеме нови знаења“, изјави Бошков.
Тој потенцира дека во моментов знаењето и иновациите најчесто доаѓаат од странски експерти и од развојот на вештачката интелигенција, што, според него, е можност која Македонија треба да ја искористи.
„Можеме значително да го подобриме нашиот економски систем со поголемо вклучување на дигитализацијата и технолошките решенија. Тоа е патот кон модерна, продуктивна и конкурентна економија“, додаде Бошков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бошков: Како земја мораме да се отвориме…
Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле…
(Видео) Салата за која Максо даде милиони…
Натпреварот меѓу Куманово и Феникс кој требаше…
(Видео) Стаорци големи колку мачки роварат околу…
Стаорците и глувците сè почесто се гледаат…
Не беше само премиерот: Влатко Стефановски и…
Еден од најпочитуваните гитаристи на овој регион,…
„Бурсток“, со која Мицкоски потпиша меморандум, не…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во…