Бронза и три пофалници за Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија во Ташкент

t

Тимот кој ја претставуваше Македонија на 58. Меѓународна олимпијада по хемија во Ташкент, Узбекистан, освои една бронза и три пофалници. Во конкуренција од 363 ученици од 93 држави, бронзен медал освои ученичката Теона Ана Георгиевска од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, а Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“, Штип, Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје и Георги Николоски од СОУГ „Мирче Ацев“ од Прилеп, добија пофалници.

Подготовките за олимпијадата беа организирани од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а беа вклучени поранешни олимпијци, сега студенти на Институтот по хемија при ПМФ, како и соработници, асистенти и професори од Институтот за хемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бронза и три пофалници за Македонија на…

Тимот кој ја претставуваше Македонија на 58.…

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да…

Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека…

На ГП “Дојран” за излез кон Грција…

– Викенд метеж на граничниот премин “Дојран”…