Објавено на:

Бронзен медал за таеквондистот Владимир Димитриевиќ на Светскиот куп во Солун

t

Овој викенд Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ), со тројца натпреварувачи такмичари под водство на националниот тренер Саша Поповски, потпретседателот на МТТФ Зоран Парулески и Христијана Парулеска како судија од МТТФ зеде учество на Светскиот куп „King of Taekwon-do“, кој се одржа во Солун, Грција.

На натпреварот учествуваат над 1400 натпреварувачи од 21 држава од целиот свет.

Нашата натпреварувачка Миа Танеска настапи во категорија јуниори – црвен појас, форми (борба со замислен противник), каде што конкуренцијата броеше 38 натпреварувачки. Таа успеа да се пласира до четвртфиналето, каде што беше поразена во борбата за медал и влез во полуфинале, освојувајќи го високото деветто место. Додека во спаринг категорија јуниори до +55 кг, и покрај прикажаната борбеност и квалитет, не успеа да ја совлада противничката и беше елиминирана во раната фаза.

Најголемиот успех го постигна Владимир Димитриевиќ во спаринг категорија сениори до -78 кг. И покрај повредата здобиена поради густиот натпреварувачки распоред во изминатиот период, тој успеа да освои бронзен медал – прв медал за МТТФ од Светски куп. Во елиминациската фаза го совлада домашниот натпреварувач од Грција, а во четвртфиналето забележа победа над претставникот од Естонија. Во полуфиналниот меч беше поразен од натпреварувачот од Украина, со што не успеа да се пласира во финалето и борбата за златен медал.

Со овој резултат, Димитриевиќ ја заокружува 2025 година онака како што и ја започна – со историски успех во сениорска конкуренција. Овој медал претставува значаен чекор напред за МТТФ и македонското таеквондо и е јасен показател дека ИТФ таеквондо спортот се стреми кон врвот и позицијата спорт број 1 во Македонија.

На овој Светски куп настап треба да има и Даниел Стојаноски, кој за првпат ќе ја претставува Македонската Традиционална Таеквондо Федерација во категорија кадети до -40 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бронзен медал за таеквондистот Владимир Димитриевиќ на…

Овој викенд Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ),…

Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски…

Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски се закити…