Бројот на палестински жртви од почетокот на војната во Газа надмина 70.000
Министерството за здравство во Газа денеска објави дека бројот на палестински жртви надмина 70.000 од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Бројот на жртви продолжи да расте откако најновото примирје стапи на сила на 10 октомври, потсетуваат американските медиуми.
Израел продолжува да изведува напади како одговор на тоа што го нарекува прекршување на примирјето, а телата од претходните фази на војната сè уште се извлекуваат од урнатините, наведува палестинското Министерство за здравство.
МЗ во Газа е составено од медицински експерти и води детални евиденции кои генерално се сметаат за веродостојни и признати од меѓународната заедница.
Министерството наведе дека бројот на жртви кај Палестинците сега изнесува 70.100.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на палестински жртви од почетокот на…
Министерството за здравство во Газа денеска објави…
Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг…
Бројот на загинати во пожарот што избувна…
Словенија нема да учествува на Евровизија доколку…
Словенија не планира да учествува на Евровизиja…
Најмалку 36 загинати и 279 исчезнати во…
Речиси 300 луѓе се водат како исчезнати…
Кац: Нема да има мир во Либан…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…