Бугарија се „шири“ и во Србија: Отвора конзуларни пунктови за бугарски пасоши
Бугарија отвора конзуларни пунктови и организирање прием на барања за бугарски лични документи во Босилеград и Димитровград, општини во кои живее најголемиот дел од бугарската заедница во Србија. Практично, жителите на Босилеград, Димитровград и околните населени места повеќе нема да мора да патуваат до Ниш или Белград за да поднесуваат документи за бугарски пасоши и лични карти. За луѓето кои веќе имаат бугарско државјанство, административната постапка станува значително поедноставна.
Но, поширокото значење е политичко. Последните години Софија систематски инвестира во врските со бугарската заедница во источна Србија преку образование, културни програми, инфраструктурни проекти и конзуларни услуги. Во Србија, според пописот од 2022 година, живеат околу 13.000 лица кои се изјасниле како Бугари, а најголема концентрација има токму во Босилеград и Димитровград.Бугарското државјанство, а со тоа и бугарскиот пасош, носи и статус на граѓанин на Европската Унија. Тоа овозможува слободно движење, работа и престој во сите земји членки на ЕУ, што претставува силен мотив за многу жители од економски неразвиениот пограничен регион.
Во Македонија, оваа практика е добро позната, па прашање е дали Бугарија активно да ја користи политиката на државјанство само како инструмент за одржување на врските со заедниците што ги смета за дел од бугарскиот национален корпус надвор од своите граници или и за привлекување „државјани од економски интерес“.
Во случајот со Србија, засега, тоа не предизвикува поголеми политички тензии, бидејќи станува збор за признато бугарско национално малцинство. Сепак, моделот повторно ја отвора дебатата за тоа како Софија ја комбинира конзуларната политика со своите пошироки национални интереси на Балканот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија се „шири“ и во Србија: Отвора…
Бугарија отвора конзуларни пунктови и организирање прием…
Полска почнува преговори за приклучување кон програмата…
Полска официјално започнува преговори за приклучување кон…
Бизнисменот кој ја продал земјата за одморалиштето…
Бизнисмен од Мајами, кој е баран во…
(Фото) Неексплодирана артилериска граната тешка 13,6 кг…
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување…
САД наместо Македонија ќе ја предводи истрагата…
Националниот одбор за безбедност во транспортот на…