Објавено на:

Бугарската МНР: Македонската Влада прави обиди за да го заобиколи францускиот предлог

t

„Секакви обиди се прават од страна на сегашната влада во Република Северна Македонија да го заобиколи европскиот консензус, да започне повторно преговарање“, изјавила вршителката на должноста министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски. Според неа, „сите обиди се насочени кон сопствените граѓани, чие време навистина се губи со вакви политички игри, наместо да се почитува она што веќе е договорено“.

„Тврдат дека Бугарија постојано ги ескалира своите барања. Такво нешто не постои. И сите добронамерни набљудувачи го знаат ова. Бугарија едноставно сака да ги заштити луѓето што имаат бугарски идентитет, сака да биде сигурна дека има сосед со кого може да има нормални политички, економски и културни односи.

„Ние го направивме она што требаше да го направиме во моментов“, кажала Нејнски за „БНТ“, додавајќи дека конструктивната позиција на Бугарија е диктирана од фактот дека ова сега е европско прашање, а не билатерално прашање.

Таа потенцирала дека фактот е дека ова не е билатерално прашање меѓу Бугарија и Македонија.

„Ова е веќе прашање меѓу Република Северна Македонија, која сака да започне членство во Европската Унија и самата Европска Унија. Нормално е земја-кандидат да се придржува кон овој европски консензус, кој вклучува прекин на говорот на омраза и вклучување на бугарското малцинство, заедно со другите малцинства, во Уставот на Македонија“, кажала в.д. министерката.

Според Нејнски, како што вели, агресијата врз бугарските граѓани во Македонија уште еднаш покажува колку е важно „вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и прекин на говорот на омраза“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската МНР: Македонската Влада прави обиди за…

„Секакви обиди се прават од страна на…

Бугарија: Во тек се договори за радари,…

Бугарија го започна купувањето на најмалку 7…

Бугарски функционер: Гласови за избори се купуваат…

Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи…

Бугарија нема да ги премести американските авиони…

Владата на Бугарија се откажа од идејата…

Иран: Бугарија да не дозволува американски авиони…

Иранското Министерство за надворешни работи испрати нота…