Објавено на:

Бугарски државјанин уапсен во Скопје: Следел жена и се самозадоволувал пред неа

t

Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода 66-годишен државјанин на Бугарија, откако бил пријавен за вознемирување на жена на подрачјето на општина Аеродром.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни 2026 година во 07:50 часот во Скопје бил приведен В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена.

Според пријавата, околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, мажот ја следел жената и се самозадоволувал пред неа.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски државјанин приведен во Македонија: Превезувал стока…

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни…

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…