Бугарски европратеник се жали: „Мицкоски зрачи со омраза кон Бугарија, а Вајц е под влијание на Скопје“

t

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Илија Лазаров го обвини известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц дека бил „исклучително пристрастен и подложен на сугестии“. Тој вели дека новиот извештај за напредокот на земјава повторно предизвикал остри реакции во Софија, со став дека теми како „идентитет“ и „јазик“ немаат место во ваков тип на документи.

Во интервју за емисијата „Денет ON AIR“, Лазаров, кој е меѓу најжестоките критичари на известувачот Вајц, обвини дека австрискиот европратеник е под директно влијание на властите во Скопје.

„Докладникот Томас Вајц е исклучително пристрастен и под влијание на сугестиите што му ги прават властите во Скопје, а најмногу премиерот Мицкоски“, рече Лазаров.

На бугарскиот европратеник му сметало дека дека во нацрт-извештајот се вметнати текстови кои за него се неприфатливи. Како пример ја посочи препораката за време на преговарачкиот процес, во различните етапи, одделните поглавја да не се затвораат со консензус, односно едногласност од сите земји-членки, туку со двотретинско мнозинство. Според Лазаров, ваквиот предлог е целосно несериозен.

„Друг текст во овој протокол, кој тој се обиде да препорача да биде поништен, се однесуваше на говорот на омраза“, посочи тој за телевизијата Bulgaria ON AIR.

Во однос на македонскиот Устав, Лазаров уште еднаш го повтори бугарското барање, Бугарите да бидат впишани во Уставот на Македонија. Се пожали дека во него веќе се наведени и други етнички заедници, како што се Египќаните, додека Бугарите изостануваат.

Генералната оценка на Лазаров е дека извештајот е лош бидејќи не го одразува во целост „недостатокот на напредок“.

Лазаров упати и директни критики кон македонскиот премиер, Христијан Мицкоски: „Мицкоски во своите говори зрачи со презир кон Бугарија. Тоа е недозволиво однесување.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски европратеник се жали: „Мицкоски зрачи со…

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Илија…

Откако двете влади изгласаа: Се воведува „One…

Патниците и превозниците наскоро ќе можат побрзо…

Со потпис на унгарскиот претседател, Орбан повеќе…

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок во петокот потпиша…

Италијанскиот министер за надворешни работи го откажа…

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Судар на комбе со камион на патот…

Единаесет лица се пренесени во Клиничката болница…