Бугарскиот парламент шести пат ќе гласа за недоверба на Владата на Жељазков
Бугарскиот Парламент денеска во 13:30 часот (12.30 по македонско време) ќе гласа за предлог-одлуката за изгласување недоверба на Владата на Росен Жељазков. Ова го најави претседателката на Народното собрание, Раја Назарјан, по завршувањето на вчерашните дебати за недоверба, кои траеја околу четири часа, пренесува БГНЕС
Согласно Деловникот за работа на Народното собрание, гласањето за предлог-одлуката може да се спроведе најрано 24 часа по завршувањето на расправата. Гласањето недоверба се смета за успешно доколку за него гласаат повеќе од половина од сите народни претставници.
Шестиот по ред предлог за изгласување недоверба на Кабинетот „Жељазков“ беше поднесен минатиот петок од коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и поддржан од „Алијанса за права и слободи“ (АПС) и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ). Причината за поднесувањето е „неуспех во економската политика“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент шести пат ќе гласа за…
Бугарскиот Парламент денеска во 13:30 часот (12.30…
Борисов: Не размилсуваме за оставки пред да…
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…
(Видео) Владата усвои предлог за разрешување на…
Владата го усвои предлогот за разрешување на…
Помина бугарскиот буџет за 2026 година, синдикатите,…
По долги преговори и жестоки расправии, бугарските…
Радев: Сакаме Македонија да влезе во ЕУ,…
„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република…