Бугарскиот патријарх и Синодот индиректно застанаа зад Радев
Бугарската претседателката Илијана Јотова се сретнала со патријархот Даниил и митрополитите од Светиот синод во Патријаршијата во Софија.
Бугарскиот патријарх Даниил, не пропуштил да сподели дека во изминатите два мандата претседателската институција уживала „голема доверба меѓу бугарското општество поради доследните и принципиелни политики во полза на луѓето“, со што инидректно му даде поддршка на Румен Радев, кој по два мандата поднесе оставка и влегува во трка за премиерската позиција.
Инаку на средбата, претседателката ја истакнала историската улога на Бугарската православна црква во национално-ослободителните борби, Ослободувањето и раѓањето на Третата бугарска држава, како и во денешното, како што рекла „тешко време“.
-Верата нè обединува и нè воспитува во вредности што ни се неопходни во денешниот опасен свет. Сите сме повикани да му служиме на својот народ и, и покрај разликите, можеме да работиме во синхронизација за Бугарија – за благосостојбата на бугарскиот народ и за меѓународниот авторитет на земјата, изјавила Јотова.
БПЦ соопши дека Јотова побарала благослов од Светиот синод за организирање на претстојниот трет Меѓународен форум за кирилицата, кој треба се одржи во март.
Еден од акцентите на годинашната конференција ќе биде поврзан со животот и делото на свети Јован Рилски, поради две значајни годишнини – 1150 години од неговото раѓање и 1080 години од неговото упокојување.
На средбата учествуваале митрополитите: Јосиф (САД, Канада и Австралија), Григориј (Великотрновски), Гавриил (Ловчански), Николај (Пловдивски), Јоан (Варненски и Великопреславски), Серафим (Неврокопски), Наум (Русенски), Кипријан (Старозагорски), Григориј (Врачански), Јаков (Доростолски), Арсениј (Сливенски), Пахомиј (Видински), епископот Герасим (Мелнишки).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот патријарх и Синодот индиректно застанаа зад…
Бугарската претседателката Илијана Јотова се сретнала со…
Физички нападнати тројца пожарникари во Куманово
Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати…
Поранешниот норвешки премиер е официјално обвинет за…
Фото:википедија Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е…
Трамп се повлече: ICE ја заврши операцијата…
Операцијата за засилена имиграциска контрола на САД…
Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите…
OK Белгиската полиција спроведе претрес во просториите…