Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија
Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта.
Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. – Ситуацијата е многу драматична. Полошо е од 2023 година, рече тој.
Во градот Брисигела, поплавите ги зафатија местата долж реката Марзено. Граѓаните се повикани да ги евакуираат своите домови, а евакуираните ќе бидат сместени во локалното училиште.
На повеќе места во Емилија-Ромања, вклучувајќи ја и Болоња, водостоите се зголемуваат, а локалните власти издадоа наредби за евакуација.
Силно невреме се очекува во наредните 24-36 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјанин пронајден мртов на железничка станица…
Бездомник со македонско потекло на околу шеесет…
Поплави во Велика Британија – автомобили се…
Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…
Судот во Стразбур ја казни Италија поради…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…
Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…
Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…
Во Шпанија спасена жена која три дена…
Жената која три дена била заробена во…