Објавено на:

Ванс со директна поддршка на унгарскиот премиер во Будимпешта: Заканите на Зеленски до Орбан се скандалозни

t

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Ванс, ги осуди „скандалозните“ закани на украинскиот претседател до унгарскиот премиер Виктор Орбан, повторувајќи ги обвинувањата на Будимпешта дека Киев ги користи енергетските резерви за да се обиде да влијае на унгарските избори.

Коментарите на Ванс дојдоа за време на посетата на Будимпешта, чија цел беше зголемување на шансите на националистот Орбан на изборите на 12 април, неговиот најтежок предизвик во 16 години на власт.

Изборите се сметаат за клучни за влијанието на поддржувачите на движењето MAGA на Доналд Трамп во Европа.

Затегнатите односи на Унгарија со Украина беа во центарот на вниманието во изборната кампања, а Будимпешта го обвинува Киев дека намерно го запрел протокот на руска нафта преку нафтоводот Дружба во обид да влијае на гласањето.

Унгарија одговори со блокирање на заемот од ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, што го натера украинскиот претседател Володимир Зеленски да се закани дека ќе ја даде адресата на лицето одговорно на украинската војска, која може „да разговара со него на нивниот јазик“.

Зборувајќи на унгарски универзитет, Ванс рече дека Орбан му кажал за заканите на Зеленски. „Апсолутно е скандалозно“, рече Ванс. „Никогаш не треба да се случи странски шеф на влада… да му се заканува на шефот на владата на сојузничка нација“.

Потоа Ванс ги обвини медиумите за двојни стандарди во известувањето за наводното странско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година и на унгарските избори. „Го видовте тоа во 2016 година кога голем дел од американските медиуми тврдеа дека вистинскиот скандал е тоа што руската влада купила реклами на Фејсбук во вредност од околу 500.000 долари… Тоа е странско влијание“, рече тој.

„Но, она што не е странско влијание е кога Европската Унија се заканува дека ќе задржи милијарди долари од Унгарија затоа што вие ги заштитувате вашите граници… Она што не е странско влијание е кога Украинците ги затвораат нафтоводите, предизвикувајќи страдање на унгарскиот народ во обид да влијаат на изборите“, пренесе „Хина“.

Будимпешта е вмешана во долготраен спор со Европската Унија околу прашања што се движат од независноста на судството до третманот на мигрантите.

Кабинетот на украинскиот претседател и Европската комисија не одговорија веднаш на барањата за коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванс со директна поддршка на унгарскиот премиер…

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Ванс, ги осуди…

Мециновиќ порача дека назначувањето на Ацо Ристов…

На денешната собраниска седница, на која беше…

Цената на нафтата падна на 95 долари…

Цените на нафтата денес на лондонскиот пазар…

Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно…

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната…

Камала Харис: Однесувањето на Трамп е одвратно

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, остро…