Вардар во шампионски стил, со триумф над големиот ривал Шкендија, ја прослави титулата
Вардар на шампионски начин ја затвори сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако пред своите навивачи убедливо ја совлада Шкендија со 3-0 во големото дерби на Арената „Тодор Проески“.
Иако натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи двете екипи претходно ги обезбедија своите позиции на табелата, ривалството донесе интересен и динамичен меч. Вардар како шампион ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија како вицешампион ќе настапи во квалификациите за Конференциска лига.
Првата закана ја имаше Шкендија преку Мазари, но сигурен беше голманот Талески. По тој момент, иницијативата целосно ја презеде Вардар. Во 20. минута, по брза контра што ја започна Јанкулов, топката несреќно заврши кај Ајетовиќ, кој ја испрати во сопствената мрежа за водство на „црвено-црните“.
Петнаесетина минути подоцна, вардарци одиграа уште една одлична акција, а Горан Закариќ по асистенција од Стефан Цветковиќ рутински погоди за 2-0.
Во вториот дел Шкендија се обиде да се врати во игра и веднаш создаде две одлични можности, но одбраната на Вардар во двата случаи интервенираше буквално од гол-линијата. На спротивната страна, Азер Омерагиќ се закани со атрактивен обид, но Амзаи беше внимателен.
Како што одминуваше времето, ритамот опаѓаше, а тензијата на теренот растеше. Во 70. минута Шкендија доби пенал по прекршокот на Најдовски врз Вебстер, откако судијата ја прегледа ВАР-снимката. Одговорноста ја презеде Љатифи, но неговиот удар го одбрани Талески. Пеналот беше повторен поради прерано излегување на голманот од линијата, но и вториот обид на Љатифи заврши идентично – Талески повторно беше херој на домашниот тим.
Пропуштените шанси скапо ја чинеа Шкендија, бидејќи во самиот финиш Бобан Николов ги постави конечните 3-0 и стави печат на шампионската сезона на Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вардар во шампионски стил, со триумф над…
Вардар на шампионски начин ја затвори сезоната…
(Видео) Студентски собир во Белград: „Ова е…
Снимките од денешниот студентски собир на белградскиот…
Отиде една од фирмите за брзи кредити:…
Министерството за финансии донело решение со кое…
Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се…
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, денес…
Велосипедист прегазен кај Мавровка
Сообраќајна несреќа се случи во близина на…