„Вашингтон пост“: Пентагон се подготвува за неколку недели копнени операции во Иран
Американскиот весник „Вашингтон пост“ објавува, повикувајќи се на официјални лица, дека Пентагон се подготвува за неколку недели копнени операции во Иран и дека останува неизвесно дали претседателот Доналд Трамп ќе одобри планови за распоредување копнени трупи.
Како што објавува весникот, плановите укажуваат дека ваквите копнени операции нема да претставуваат инвазија, туку ќе вклучуваат упади од сили за специјални операции и конвенционални пешадиски трупи, објавува денес Би-Би-Си.
Се верува дека Американците имаат повеќе од 4.000 маринци на бродови што се упатуваат кон Заливот, а падобранците од 82-та дивизија се во состојба на готовност и разговараат за дополнителни засилувања.
Одделно, вчера Централната команда на САД објави дека воениот брод „УСС Триполи“ пристигнал во регионот. Во објава на социјалните мрежи се вели дека бродот превезувал единица од околу 2.500 морнари и маринци со транспортни и борбени авиони, објави АП.
Бродот „УСС Триполи“, амфибиски јуришен брод, како и елементи од 31-та експедициска единица, вообичаено се стационирани во Јапонија. Тие спроведувале воени вежби во областа околу Тајван кога пред речиси две недели била издадена наредбата да се оди на Блискиот Исток.
Централната команда на САД објави дека покрај маринците, бродот „Триполи“ носи транспортни и борбени авиони во регионот.
На бродот „УСС Боксер“ (Боксер) и на уште два брода со друга единица на маринците им било наложено да продолжат кон регионот од Сан Диего.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вашингтон пост“: Пентагон се подготвува за неколку…
Американскиот весник „Вашингтон пост“ објавува, повикувајќи се…
Иран се закани дека ќе ги нападне…
Иран се закани дека ќе ги нападне…
Саудиска Арабија, Турција и Египет денес ќе…
Регионалните сили планираат да се сретнат денес…
Трамп: Не мислев дека војната со Иран…
Доналд Трамп навести дека има намера ефикасно…
Пезешкијан ги повика земјите од Блискиот Исток…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги повика земјите…