Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили алкохол во крвта
На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ во 01:15 часот го лишиле од слобода 54-годишниот К.С. од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
Како што информираат денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили…
На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски…
Орбан: Европа се подготвува за војна до…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „европските…
Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите…
„Не бараме одмазда, туку правда“ – нов…
Во Кочани денеска се одржа уште еден…
Пензионер 11 години по грешка добивал повисока…
Британскиот пензионер Дерек Ричи (63) треба да…