Објавено на:

Венецуелската влада ќе ослободи 116 политички затвореници

t

Венецуелската влада денеска соопшти дека ослободува уште 116 политички затвореници, бидејќи нивните семејства стануваат нетрпеливи со ветувањето на властите да ги ослободат, дадено под притисок од САД по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, објавија француските медиуми.

„Овие мерки им користеа на лицата лишени од слобода поради кршење на уставниот поредок и стабилноста на земјата“, рече министерот за затвори Хулио Гарсија.

„Форо Пенал“, невладина организација која ги брани политичките затвореници, регистрираше само 24 ослободени затвореници, меѓу кои и двајца Италијанци.

Откако венецуелските власти го дадоа ова ветување, ослободувањето на затворениците е бавно, а нивните семејства ги пречекуваат надвор од затворите, забележаа француските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуелската влада ќе ослободи 116 политички затвореници

Венецуелската влада денеска соопшти дека ослободува уште…

САД ги повикаа своите граѓани веднаш да…

Американскиот Стејт департмент синоќа упати итен апел…

Трамп: САД може да ја контролираат Венецуела…

Соединетите Американски Држави би можеле да управуваат…

Трамп: САД планираат да ја контролираат Венецуела…

САД планираат да ја контролираат Венецуела најмалку…

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе…

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека…