Објавено на:

Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран

t

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска не ја исклучи можноста за улога на американските трупи во спроведувањето на нуклеарниот договор со Иран, иако истакна дека не очекува оти „американските воени сили ќе бидат неопходни“.

Во изјава за Си-Би-Ес, Венс рече дека САД ќе бидат присутни за да осигураат дека резервите на високо збогатен ураниум во Иран ќе бидат уништени.

САД веќе разговараа со Техеран за тоа како може да се елиминира збогатениот ураниум, појасни тој.

Вашингтон планира да соработува и со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и со Иран во овој процес, додаде Венс. Тој нагласи дека сè уште не е јасно каква улога на крајот ќе одиграат САД.

– Дали ќе имаме улога на набљудувачи или ќе играме поактивна улога, тоа се работи што ќе ги дефинираме во текот на техничките разговори – рече Венс.

Тој исто така ги отфрли извештаите дека Техеран ќе добие 24 милијарди долари во замрзнати средства доколку исполни одредени услови од договорот.

Таа бројка „не се појавува никаде во ниту еден од текстовите за кои разговаравме со Иранците“, истакна Венс.

САД и Иран вчера се согласија за рамковен договор за прекин на војната, иако во јавноста беа објавени малку детали за мировниот договор.

Многу аналитичари гледаат на овој договор повеќе како на отскочна штица отколку како на конечно решение, со оглед на тоа што остануваат големи предизвици – од нуклеарната програма на Иран до тензиите поврзани со израелската воена кампања во Либан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венс: Можна е улога на американската војска…

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска…

Нетанјаху: Израелската војска останува во јужен Либан,…

Израелската војска нема да се повлече од…

Пезешкијан: Иран и САД в петок потпишуваат…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес потврди дека…

Трамп: По Иран, ќе се префрлам на…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им се…

Хезболах му честиташе на Иран за постигнатиот…

Хезболах го поздрави постигнатиот договорот помеѓу САД…