(Видео) Eксплозија во летната градина на кафуле во Москва: Tри лица загинаа, 15 се повредени
Трojцa загинаа, а 15 се повредени во експлозија што се случи вечерва до летната тераса на ресторан во центарот на Москва, соопшти локалната полиција, пренесе Ројтерс.
Експлозијата се случила околу 20 часот по локално време, во близина на летна тераса која се наоѓа на приземјето на една од седумте сталинистички облакодери на плоштадот Кудринскаја.
Освен загинатите, останатите луѓе изложени на експозијата се здобиле со различни повреди, од кои некои посериозни.
Истражителите и службите за итни случаи работат на местото на настанот.
Руската државна телевизија објави дека е можно експлозијата да била предизвикана од детонација на плинска боца, иако тоа не е официјално потврдено.
Руската државна новинска агенција РИА Новости објави снимки на кои се гледаат тешко вооружени припадници на безбедносните сили на местото на експлозијата, кое било затворено за јавноста.
Онлајн-медиумот „База“, кој има добри контакти со руските безбедносни служби, објави дека експлозијата се случила во луксузниот италијански ресторан „Балзи Роси“. Според веб-страницата на ресторанот, објектот во саботата бил затворен поради приватен настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Eксплозија во летната градина на кафуле…
Трojцa загинаа, а 15 се повредени во…
Трамп ќе заработува и од своите објави:…
Објавите на американскиот претседател Доналд Трамп на…
(Видео) Жители на Крим без струја чекаат…
Жителите на кримскиот град Масандра, кои поради…
Специјалниот пратеник на Трамп за специјални мисии…
Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател…
Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на…
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, денеска ја…