(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски бес“

t

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека операциите не се загрозени. Штетата врз американските објекти е минимална, соопшти CENTCOM на социјалните медиуми.

„По почетниот бран напади на САД и партнерите, силите на CENTCOM успешно се одбранија од стотици ирански ракети и дронови. Нема извештаи за американски жртви или повредени во борба. Штетата врз американските објекти беше минимална и не влијаеше врз операциите“, се вели во соопштението.

Нападите беа извршени како дел од операцијата „Епски бес“. Беа користени „прецизна муниција лансирана од воздух, копно и море“ и „евтини дронови за напад со една цел“, се додава во соопштението на Централната команда.

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците шанса да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.

Пентагон објави дека американскиот напад бил наречен „Епски гнев“. Иран возврати со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени локации во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…

Во израелските напади на Иран, според неофицијални извори, загинале иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур. Оваа информација за агенцијата Reuters ја потврдиле три извор.
Инаку, Иран тврди дека загинале над 200 луѓе, а според нив, погодено било и училиште каде загинале девојчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски…

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека…

Пронајдено телото на Хамнеи?!

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е…

Се огласи Трамп: Сега имам две опции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има…

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска –…

Немаме многу време: Да донираме за лекување…

10-годишната Ева е девојче кое се бори…