(Видео) Ана Бекута протерана од сцена со сила: пееше од комбе за да наплати 40 илјади евра од Чачак, иако публиката бараше да прекине со настап
Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи српската пејачка Ана Бекута, но концертот наместо празнична атмосфера предизвика револт и незадоволство кај дел од граѓаните. Причината беше сумата од 4,5 милиони динари, односно околу 40 илјади евра, издвоена од градскиот буџет за нејзиниот настап, во време кога голем дел од Србија се соочува со сериозни проблеми поради обилните снежни врнежи и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Error5
Активистката од Чачак, Славица Петровска, јавно објави дека токму толкава сума била потрошена за едновечерниот концерт, по што информацијата брзо се прошири меѓу граѓаните. Дел од нив излегоа на плоштадот за време на настапот, не за да слават, туку за да изразат протест против, како што оценуваат, неодговорното трошење на јавните пари.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како пејачката за време на целиот настап се соочува со свирежи од публиката. Во еден момент, таа изјави дека вакво нешто не доживеала во текот на својата 40-годишна кариера. Иако немало физичка закана, освен свирежи и неколку фрлени снежни грутки, Бекута побарала интервенција од полицијата.
На крајот, пејачката го прекинала настапот на сцената и продолжила да пее од комбе, но и тоа не го смирило револтот. Граѓаните и понатаму ја опкружувале, изразувајќи незадоволство со свирежи.
Реакциите доаѓаат само неколку дена откако Чачак беше зафатен од ледена дожд и снег, поради што градот беше практично парализиран, а надлежните служби, според сведоштвата на граѓаните, со часови не реагирале. Во соседните Лучани беше прогласена вонредна состојба, а околу 4.000 жители останаа без струја поради дефекти предизвикани од силниот ветер и снегот. Во таков контекст, одлуката на локалната власт да инвестира значителни средства во прослава на Српската Нова година предизвика дополнителен гнев, со пораки дека забавата не може да биде приоритет додека граѓаните се соочуваат со основни егзистенцијални проблеми
Чачак ❤️ Краљево ❤️ Ужице ❤️
Не долазите у Западну Србију.
Ми се не бојимо да вам покажемо шта мислимо о вама! pic.twitter.com/YBHtXjslKg
— Студенти Краљево (@kvstudenti) January 13, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ана Бекута протерана од сцена со…
Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи…
Шолц: Путин однапред ја планираше војната против…
Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека…
Николоски: Лидерската средба е доброволен чин –…
Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека…
Бранимир Јовановиќ: Задолжувањето станува сè поскапо, зголемување…
Уште една бледа година со речиси ист…
НЕ ПОМОГНАА НИТУ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП, НИТУ…
Кина лани забележа рекорден глобален трговски суфицит…