(Видео) Бркотници со полицијата на протестот во Белград: Приведени се неколку студенти
Низ цела цела Србија вечерва се одржуваат протести, по вчерашното насилство на поддржувачите на Српската напредна партија врз студенти и граѓани во Нови Сад, за време на одбележувањето на 200-годишнината од Матица Српска во тој град.
Протестите почнаа околу 18 часот во Краљево, Нови Сад, Крагуевац, Смедерево, Белград, Чачак, Ваљево и Ниш.
Дел од учесниците на протестот во Нов Белград, кои се противат на изградбата на јавен аквариум во паркот Ушќе, вечерва влегоа во оградениот простор наменет за истражни работи за тоа градилиште, а студентите во блокадата потоа објавија дека неколку нивни колеги се приведени.
На Инстаграм, студентите споделија изјави од неколку факултети во кои се наведува дека нивните колеги се уапсени, поради што ги повикаа граѓаните и учесниците на протестот да се движат во групи.
Повеќе од десетина граѓани вечерва протестираа пред просториите на Српската напредна партија (СНС) во Чачак поради инцидентите на протестот во Нови Сад, за време на кој беа повредени неколку студенти.
Собраните граѓани скандираа „крадци, крадци“ и „бандо црвена“, со звук на свирчиња и труби.
Просториите на СНС беа во темнина, а надвор стоеја неколку униформирани полицајци.
На протестот се појави и новинар од локален медиум близок до владата, кој ги провоцираше граѓаните, а тие скандираа против него, јавуваар дел од српските медиуми.
Студенти од Техничкиот факултет во Чачак и неколку неформални групи граѓани повикаа на вечерашниот протест, под слоганот „Протест пред српската некомпетентна партија“.
По протестот, неколку десетици граѓани им се придружија на земјоделците и на производителите на млеко кои го блокираат Ибарскиот автопат во селото Мрчајевци кај Чачак седми ден по ред.
Порталот „Машина“ објави видео од апсењето на еден млад човек и наведува дека полицијата прво го држела во ограден простор во близина на хотелот „Југославија“, а потоа го одвела.
Фотографот Гаврило Андриќ објави на својот Инстаграм дека е студент на Факултетот за медиуми и комуникации и дека полицијата го нападнала додека се обидувал да го сними апсењето.
Снимките од местото на настанот покажуваат како полицијата го удира и клоца студентот.
За време на протестот на Ушќе, кој се одржува вечерва, кога полицајците се распрснаа околу самиот парк, транспарентите на заштитната ограда околу потенцијалното градилиште беа уништени.
Građani u kontraofanzivi na Novom Beogradu… pic.twitter.com/QOL7MA5S3s
— Petar Djuric (@Petar__Duric) February 17, 2026
Haos na Novom Beogradu… pic.twitter.com/66pe3tHJ6j
— Petar Djuric (@Petar__Duric) February 17, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Бркотници со полицијата на протестот во…
Низ цела цела Србија вечерва се одржуваат…
Сите му предвидуваа банкрот – директорот ја…
Пред повеќе од десет години, извршниот директор…
САД се повлекува, Европа го презема кормилото…
Соединетите Американски Држави размислуваат за длабока трансформација…
Украинските власти тврдат дека пресретнале руска хиперсонична…
Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала руска…
Сиљановска-Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и…
Меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и…